Официјални Правила на наградната игра
“Купи Леново, Освој награда”
Член 1
Организатор, име и цел на наградната игра
1.1. Наградната игра “Купи Леново, Освој награда” (во понатамошниот текст “наградна игра”), ќе биде организирана од страна на Друштвото за производство, трговија и услуги ,,ЛАТРОН СОЛУШНС“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на бул. ,,АВНОЈ“ бр.8-3/34 во Скопје, Република Македонија (во понатамошниот текст „организатор“).
1.2. Наградната игра ќе се спроведува во согласност со одредбите на овие правила, кои се задолжителни за сите учесници во наградната игра.
1.3. Со учество во наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите на овие правила.
1.4. Правилата на наградната игра ќе бидат објавени на веб страницата http://lenovo.com.mk/LenovoGame пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии.
1.5. Учесниците ќе можат да се запознаат со правилата на наградната игра и преку веб банери на интернет портали, флаери, брошури и постери поставени во продажни салони каде што можат да се најдат производи на Леново, реклами на радио и други маркетинг активности.
1.6. Наградната игра се организира со цел рекламирање на производите од асортиманот на Леново – таблети, смартфони и лаптопи, купени во периодот од 11-ти ноември 2015 година до 10-ти јануари 2016 година, увезени од официјални дистрибутери на Леново во Македонија, кои подлежат на официјална гаранција во овластен сервис на Леново во Република Македонија.
Член 2
Територија и времетраење на Наградната игра
2.1. Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Македонија.
2.2. Наградната игра ќе започне на 11-ти ноември 2015 година и ќе трае до 10-ти јануари 2016 година.
Член 3
Право на учество
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Македонија (во понатамошниот текст “учесници”), кои ги прифаќаат термините и условите на овие правила. Со купување на некој од наведените Леново производи (таблет, смартфон или лаптоп), лицата кои имаат право на учество во наградната игра добиваат можност да се регистрираат за учество во наградната игра. Во формата за регистрација на веб страната http://lenovo.com.mk/LenovoGame, учесниците треба да се регистрираат преку: серискиот број од нивниот Леново производ (таблет, смартфон или лаптоп), бројот на фискалната сметка, датумот и местото на купување на Леново производот (таблет, смартфон или лаптоп). Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие правила и ја изразуваат својата согласност во поглед на истите. Вработените кај организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право да учествуваат во наградната игра.
Член 4
Механизам на наградната игра, извлекување на наградите и објавување на добитниците
4.1. За да учествува во наградната игра, секое заинтересирано полнолетно физичко лице кое има право на учество во наградната игра, за времетраењето на наградната игра треба да купи производ од асортиманот на Леново (таблет, смартфон или лаптоп). Производот може да биде купен од било кое продажно место во Македонија кое продава Леново производи, увезени од официјалните дистрибутери и е предмет на официјална гаранција во овластените од Леново сервисни центри во Македонија. Во формата за регистрација на веб страната http://lenovo.com.mk/LenovoGame учесниците треба да се регистрираат преку: серискиот број од нивниот Леново производ (таблет, смартфон или лаптоп), бројот на фискалната сметка, датумот и местото на купување на Леново производот (таблет, смартфон или лаптоп). Доколку податоците се валидни, системот ќе ги прифати истите и учесниците во наградната игра се должни да го пополнат вториот дел од формата за регистрација на веб страната http://lenovo.com.mk/LenovoGame кој ќе содржи име, презиме, телефон за контакт, e-mail адреса и поле за штиклирање со кое се прифаќаат Правилата за учество. Во случај на давање на неточни податоци, учесниците во наградната игра ја сносат целосната одговорност за истиот чин. По извршената регистрација , учесниците во наградната игра ќе добијат повратен e-mail со кој се потврдува правото на учество во наградната игра, односно дека регистрацијата на веб страницата http://lenovo.com.mk/LenovoGame е успешно завршена, а истиот ќе ја содржи следнава порака: ,,Ви благодариме за вклучувањето во наградната игра ,,Купи Леново, Освој награда“. Вашите податоци се евидентирани и квалификувани за учество во наградната игра ,,Купи Леново, Освој награда“. Со среќа.“
4.2. Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се изврши на 11 јануари 2016 година, во 15:00 часот, во просториите на организаторот на бул.,,АВНОЈ“ бр.8-3/34 во Скопје. Извлекувањето на добитниците ќе се одвива компјутерски, со посебно дизајниран софтвер за таа намена, а по методот на случаен избор.
4.3. Контрола на извлекувањето на добитниците на наградите ќе врши Комисија составена од три члена.
4.4. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб страната http://lenovo.com.mk/LenovoGame, во рок од 3 дена од денот на извлекувањето.
Член 5
Награди
Опис |
Количина |
Единечна цена во денари со вклучен ДДВ |
Вкупна цена во денари со вклучен ДДВ |
Леново Преносна резервна батерија MP506 5000 mAh |
20 |
1400 |
28000 |
Таблет Леново TAB 2 A7 - 10 (ADAM) 7“, Блек, 1ГБ РАМ, 8ГБ, |
5 |
3990 |
19950 |
Мобилен Телефон Леново А536 5’’, 1ГБ рам, 8ГБ |
5 |
7990 |
39950 |
Авионска карта Скопје-Барселона-Скопје и викенд сместување во Хотел3* на база ноќевање со доручек за двајца |
1 |
37200 |
37200 |
Вкупно |
|
50580 |
125100 |
Вкупниот награден фонд со вклучен ДДВ изнесува 125.100,00 денари.
Член 6
Доделување на наградите
6.1. Добитниците ќе бидат известени преку e-mail и доколку во рок од 30 дена не се добие повратен одговор од некој добитник, истиот го губи правото за добивање награда.
6.2. Добитниците може да ги подигнат наградите во рок од 30 дена од денот на објавување на добитниците на наградите, во просториите на Организаторот на бул.,,АВНОЈ“ бр.8-3/34 во Скопје, секој ден од 08:30 до 16:30 часот. Организаторот на наградната игра е должен на добитникот да му издаде потврда при подигање на наградата.
6.3. Добиените награди не можат да се заменат за пари или да се пренесат на друго лице.
6.4. Сите обврски на Организаторот кон добитниците на наградите завршуваат во моментот кога добитникот ќе ја преземе наградата.
Член 7
Виша сила
Во случај на виша сила Организаторот има право да ја откаже наградната игра, по добивање на одобрение од Министерството за финансии, за што ќе ги извести учесниците во наградната игра преку дневниот печат.
Член 8
Постапки
8.1. Во случај на спор помеѓу организаторот и учесниците во наградната игра, таквиот спор ќе биде решен по спогодбен пат.
8.2. Доколку страните не постигнат взаемно разбирање, настанатите спорови помеѓу организаторот и учесниците во наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Член 9
Право на приговор
Незадоволниот учесник во наградната игра има право во рок од 3 дена од денот на објавувањето на добитниците на наградите да поднесе приговор во писмена форма до организаторот на наградната игра на бул.,,АВНОЈ“ бр.8-3/34 во Скопје, кој е должен да одговори на поднесениот приговор во рок од 7 дена од денот на приемот на приговорот.
Друштвото за производство, трговија и услуги ,,ЛАТРОН СОЛУШНС“ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Управител
Катерина Славова
Скопје, 21.10.2015 година